Предлог-законот за правата на малите заедници пред собраниската Комисија за политички систем

Членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на 101 седница дебатираа за Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија, во второ читање.
Беа разгледуваа вкупно 26 амандмани, главно од техничка приорода. Од нив 16 беа поднесени од пратеници Зекир Рамчиловиќ, Ферид Мухиќ и Јусуф Хасани, како и од опозицијата.

По ова, претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски даде пауза поради тоа што е предвидена пленарна седница. Останува членовите да ја разгледаат само Националната стартегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година.
Кирацовски образложи дека нема да гласаат за Националната стартегија, туку само ќе ја разгледаат. Тој посочи дека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е само заинтересирано работно тело, а не е матично тело за ова прашање. Собраниската Комисија за култура, како што рече, е на некој начин внатрешно работно тело, но поради извесни административни причини или нефункционирање, решивме ние да ја прифатиме.

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка посочи дека Националната стратегија заслужува поголемо внимание. Информира дека материјалот го добиле доцна, немале време да го прочитаат, да го разгледаат и додаде оти не му се дава доволно значење на документот.
– Овој документ не заслужува ваков третман, рече Илиоски.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
