Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието. По повикот на СДСМ да се свика Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, вчера претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека ќе ја свика оваа Комисија, но дека одговорноста за свикување на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади е кај претседателката на Комисијата.
- Според Деловникот, претседател на Собрание според член 26 став 4, може да свика седница по барање на потпретседателот избран од опозицијата. Но, секако дека јас поодамна најавив дека за коализија меѓу членови од Деловникот, секогаш кога ќе се појават такви ситуации, ќе свикаме Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања. И тука во Комисијата, ако може јавноста и експертската јавност да ја вметнеме, за да донесеме поквалитетни заклучоци со кои ќе се служи и актуелниот состав, но и другите собраниски состави во иднина, рече Гаши на вчерашниот брифинг со новинарите.
За Комисијата за социјална политика која треба да го разгледа Предлог-законот, Гаши рече дека му е одземена можноста затоа што Комисијата веќе била свикана и сега останува во доменот на Комисијата да одлучи за измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.
Ново на Сител
-
Баерн го израмни рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во ЛШ
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус