Македонија
27. October 2018 - 16:09
Предлог законот за амнестија во понеделник влегува во собраниска процедура
Законот за амнестија во понеделник влегува во Собрание, најави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.. Од партијата велат дека предлогот ќе биде поднесен во скратена процедура..
Уште пред да го видат, во СДСМ предлогот го оценија како мешање на власта во судството.. Од партијата и натаму остануваат на ставот дека помирувањето треба да се реализира преку комисијата на Џафери.
Опозицискиот лидер Мицкоски, во интервју за медиумите најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да влегува во како што рече стапици на разно разни комисии за некакво лажно помирување, додека, според партијата се затвораат невини луѓе и се води политички прогон против неистомислениците..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->