Македонија
2. July 2020 - 16:50

Предлог преговарачката рамка, со македонски јазик вметнат во неа, испратен до земјите членки на ЕУ

Нацрт преговарачката рамка е донесена и оди на усвојување кај членките на Унијата.  Евроинтегративецот Османи  се надева дека конечниот текст ке  биде усогласен  до октомври, при што секоја членка  ке има право да интервенира со свои забелешки.

Секоја земја ке се обиде да ги додаде своиет национални позиции.

Министерот  Димитров се надева дека Бугарија нема да ја искористи оваа можност  да интервенира или ја блокира  преговарачката рамка  со своите тврди позиции во однос на јазикот или работата на комисијата. Особено ако се земе предвид дека во предлогот јасно се  вели дека целото ЕУ законодавство ќе треба да биде преведено на јазикот на земјата преговарач, во случајов македонски.

Евроамбасадорот Жбогар  не очекува изненадувања во конечната верзија на рамката и потенцира дека  ЕК предвидува употреба на македонскиот во преведување на законитена Унијата.

Во предлог како главни услови за напредокот на Македонија се предвидуваат Копенхашките критериуми, резултати од спроведување на догворите со Бугарија и Грција и новата методологија.