Предлог-измените на Законот за здравствена заштита на дневен ред на собраниската Комисија за здравство
Во Собранието денеска седница треба да одржи Комисијата за здравство со една точка на дневен ред - Предлог закон за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.
Со предложените измени се очекува да се доуреди дополнителната дејност и се врши усогласување на обемот на дополнителна дејност којашто можат да ја вршат здравствените работници во однос на редовното работно време.
-Специјалистите/супспецијалистите вработени во која било јавна или приватна здравствена установа согласно законот ќе може да дежураат во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион. Со законот исто така се воспоставуваат нови услови за вршење на дополнителна дејност, се вели во образложението за Предлог-законот.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка