Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура
Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет.
Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски.
Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.
Според министерот за финансии, во Предлог-буџетот планирани се пари за повисоки пензии и плати во јавниот сектор, со исклучок на функционерските плати.
Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година. Се очекува растот на економијата да биде 3,4 проценти,а стапката на инфлација е проектирана на 3,6 проценти.
Според опозицијата, Предлог-буџетот е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција. Оттаму оценија дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправилна ништо ново.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор