Предизборен партиски вандализам низ Скопје

Вчера во ЕИК Скопје е пријавено дека околу 11,30 часот од страна на полициски службеник кој бил службено ангажиран било забележано дека на ул„.Христо Татарчев“ каде е сместен предизборниот штабот на политичката партија НСДП има оштетување со црн спреј на изложното стакло од просториите на штабот.
Извршено е фотографирање на местото на настанот на 07.12.2016 година во 17,52 ч. М.Н. пријавил во ЕИК Скопје дека во штаб на партијата „СДСМ“ до црквата во с.Виниче, од страна на непознат сторител со употреба на сила скршена е влезната врата од објектот, влезено е внатре, направено е претурање, расфрлан е рекламен материјал, а дел е и одземен.
Рано утрово околу 03,00 часот во Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“ кај поранешен „Баумаркет“ опожарен е билборд на кој има реклама од политичката партија ДУИ.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
