Предавање за рентабилно пчеларење во Крива Паланка

Во организација на здружението на пчелари „Пчела” од Крива Паланка во големата општинска сала во градот се одржа предавање за пчеларите на тема „Анализа на економичност и рентабилност во пчеларството”.
-Годишниот принос на пчелното семејство и пресметка на просечниот годишен принос на пчелните семејства многу зависи од регионот, затоа што на ливади и кај шумско подрачје е различен. Приносот се движи од 3,5 килограми до над 5 килограми месечно. Количникот на целото годишно производство со бројот на сите преземени пчелни семејства изброени на први април, податоци кои се доставуваат до ветеринарните станици, како податоци за субвенции, е просечен годишен принос, изјави предавачот Горан Илиевски од Скопје.
Илиевски ја истакна и важноста на споредните пчелни производи како пчелин восок, прополис, матичен млеч како можност за рентабилно пчеларење.
Годишен приход исто така беше дел од предавањето, со акцент дека секој пчелар треба да ја знае производната цена на сопствените производи.
Како што појасни Илиевски, пчелните производи имаат голема трајност и не треба да се брза при пласман, ниту да се даваат на несигурни откупувачи и лоши плаќачи.
-Во пчеларството има и голема категорија материјални и нематеријални вложувања, тргнувајќи од земјиштето каде се поставени пчелните сандуци, простории за складирање, опрема и останато и секако живите пчелни семејства, но и себевложувањето, умешноста на пчеларот, проширување на неговите знаења, умешност, надградба и слично. Пчеларите не можат да се вложат комплетно ако здравствената состојба не им е добра, а неопходно е и да бидат во добра финансиска состојба за тековно одржување, додаде Илиевски.
Важната ставка се, рече, и трошоците, кои се варијабилни, но не се ниски, опфаќајќи се, од сандуци, прихрана, восочни основи, лекување, амбалажа и други.
На предавањето беше потенцирано и дека е многу важно пчеларите да ги сметаат и трошоците за плата, кои според одредени проценки се околу сто денари на час или околу дваесет илјади денари месечна плата. Не ретко, пчеларите имаат потреба да користат и друг труд, на експерти, што исто така е дел од целокупната пресметка на трошоци на пчеларите.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
