Предавање за холандската медицинска мисија во Битола во Првата светска војна

Амбасадата на Кралството Холандија и НУ Завод и Музеј-Битола денеска организираа предавање за холандските медицински мисии во Македонија во Првата светска војна.
Историчарот Џон Стинен рече дека на 25 април пред 100 години холандската медицинска мисија го напуштила градот Битола во кој престојувала за време на Првата светска војна. Тој откри најнов истражувачки материјал и фотографии од тој период.
- Холандската медицинска мисија била посветена на директната поддршка на локалното население во Битола која во 1915 година била окупирана од бугарската војска, а подоцна ослободена од сојузничките сили. Холанѓаните работеа во единствената цивилна болница во тоа време и служеа предводени од холандскиот лекар Ван Дајк и шест медицински сестри. Материјалот што го презентирам е обезбеден од француските архиви, а сниман од французи кои биле во француската војска, а дел од материјалот го обезбедив од австралиските архиви, потврди Стинен.
Предавањето го следеа ученици и студенти од Битола на кои им беа пренесени избрани и раритетни материјали за холандските медицински мисии во Македонија во Првата светска војна.
Ново на Сител
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
-

Клековски - ново проширување на позитивната листа со антикоагулантна терапија следниот период
-

СДСМ: ВМРО не руши одвнатре
-

Заврши процесот на евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток
