Предавања за современата археолошка теорија

Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе организира „Современа археолошка теорија“ - серија предавања и дискусии поврзани со современите теориски и методолошки тенденции во археологијата и нејзините сродни науки со учество на млади истражувачи.
- Се одлучивме за настан на кој нема да се зборува за конкретни археолошки наоди, локалитети, хипотези и претпоставки, туку ќе се дискутира за општите научни цели и принципи на археологијата, за нејзините теориски и методолошки основи, истакнуваат од „Аксиос“.
Настанот ќе биде составен од шест предавања преку кои говорниците ќе ги искажат своите ставови поврзани со отворените прашања и насоки на развој на современата археолошка теорија и методологија.
Серијата ќе биде отворена со излагање на доц. д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата, на тема „Теорија без територија: за епистемологијата и постпроцесната археологија“.
Излагања ќе имаат и доц. д-р Ирена Теодора Весевска од Филозофскиот факултет во Скопје, м-р Мишко Тутковски од НУ Стоби, Кристијан Тошески од здружението „Аксиос“, Кирил Денковски од Македонското археолошко научно друштво и Ѓоре Милевски од Центарот за истражување на предисторијата.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
