Предавања и презентации за графички дизајн во Музеј на Град Скопје
Со предавање на истакнатиот професор, уметник и графичар Тони Васиќ, добитник на меѓународни награди за уметност и дизајн, во Музејот на Град Скопје денеска почнаа серија предавања, презентации и работилници за графички дизајн наменети за ученици и студенти од уметничките факултети во Македонија.
Како што информира МГС, покрај Васиќ, презентација денеска одржа и Ана Симеоноф од Софија, специјалист за дизајн и визуелни комуникации чија кариера е поврзана со Софија и Париз. Изложба на нејзината плакатна уметност е поставена во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. На презентацијата излагање ќе има и претставник на една од најзначајните виртуелни галерии за плакат во Бугарија - Плакат Комбинат.
Во вториот дел од денот предавање ќе одржи графичкиот уметник Лазе Трипков, меѓу најзначајните македонски современи претставници на Полската школа за плакат, кој по завршувањето на Академијата за ликовни уметности во Варшава, стана дел од програмскиот совет на престижносто Варшавско биенале за постер.
Презентацијата има и Гордана Вренцоска, истакнат македонски и меѓународен графичар и моден дизајнер, која по завршувањето на студиите за дизајн на Колеџот за уметност и дизајн Централ Сент Мартинс во Лондон повеќе години работи на креирање и реализација на кампањи за повеќе интернационални брендови, како Нестле, Нескафе, Опел, Сименс и други.
До крајот на денот предавања ќе одржат професор д-р Марија Ветерова и доцент д-р Марула Николовска, а презентации за музејскиот материјал ќе извршат Михаљ Билбија и Маргарита Плевнеш-Петкоска од Музејот на Град Скопје.
Во текот на мај работилниците и изложбите за графички дизајн Музејот на град Скопје во соработка со универзитетите и локалните музеи ќе ги пренесе во универзитетските центри Штип, Тетово и Битола.
Ново на Сител
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“