„Предание и континуитет 2017“ - тридневен форум за постмодерната во Струга
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од денеска до недела ќе се одржува форум од областа на културата „Предание и континуитет 2017“.
Првата дебата ќе донесе теолошко-философски поглед на постмодерната, а учесници ќе бидат Ристо Солунчев од Философскиот факултет во Скопје, Стефан Санџакоски и Милан Ѓорѓевиќ од Теолошкиот факултет во Скопје и Калистрат Санџакоски - дипломиран теолог од Струга.
В сабота учесниците на дебатата ќе стават акцент на книжевно-поетскиот поглед на постмодерната. На дебатата ќе учествуаваат митрополит американско-канадски Методиј Златанов, писателот и сликар Димитрие Дурацоски, Иван Додовски од Американскиот универзитет во Скопје и писателот од Струга Ненад Јолдески.
На последната дебата, предвидена за недела, ќе учествуваат Небојша Станковиќ од Принстон универзитет, САД, Димитри Кумбароски од Универзитет Евро-Балкан од Скопје, Игор Котларовски, архитект од Скопје и скулпторот од Битола Владимир Симоновски.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат