-->
-->
Предала празен коверт на свадба- еве како реагирале младенците
-->

Со денови во Србија и регионот се зборува за приказните за празните пликоа на свадба, кои за жал се се почеста појава денес. Токму поради оваа приказна се јави 27-годишната Милена С. од Србија и за српскиот Курир ја раскажа својата приказна.
Таа еднаш предала празен коверт на свадба.
- Кога запишав факултет во Белград не ми остануваа пари. Секогаш сметките, родендените, подароците ги планирав месеци однапред, а тогаш колега од факултет реши да се жени. Сакав да се извлечам, да не одам, но настојуваше. И сестра ми запиша факултет тогаш, беше мизерно. Не можев да им плачам на моите, а и ми беше срам да се позајмувам, вели Милена.
Девојката додава дека сепак се решила да позајми пари од блиска другарка со која биле заедно на свадба, па таа носела плико, а другарката требала да понесе пари. Кога седнале во такси и тргнале кон хотелот, таа и рекла дека ги заборавила дома.
Со оглед на тоа дека пликото било потпишано, од тогаш вели пријателите не и се јавиле, иако сакала подоцна да им објасни и купи вистински подарок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Динев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
