Пред Владата протест на работници од „Еурокомпозит“
Вработени во прилепската фабрика „Еурокомпозит“ денеска протестираат пред Владата, барајќи исполнување, на, како што велат од синдикалната организација, ветувањата за исплата на заостанатите придонеси, плати и отпремнини. Поради протестот е блокиран сообраќајот на улицата пред владината зграда во двата правца.
Роберт Богдановски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“ изјави дека бараат средба со премиерот Зоран Заев или вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и оти зависно од развојот на настаните ќе продолжат со протестите. Не е исклучено, како што вели, и да постават шатори.
– Протестираме заради неисполнување на нашите барања повеќе од две години. Не ни се исплатени придонеси за повеќе од седум години, ни должат 20 плати, а плата не сме добиле веќе четири месеци. Не се исплатени ниту ветените отпремнини за 150 лица кои беа прогласени за технолошки вишок и требаше да добијат по седум просечни плати, изјави за МИА Богдановски.
Приоритет, дополни тој, е неисплатениот стаж затоа што нашите колеги заминуваат во пензија со значително пониска пензија. Во „Еурокомпозит“ има производство и има испораки затоа што работиме за нарачка на Министерството за внатрешни работи, но не се исплаќа ништо на вработените, посочи Богданоски.
Според него, на денешниот протест учествуваат дел од вработените, како и дел од прогласените за технолошки вишок и пенизионери од „Еурокомпозит“.
Вработени и прогласени за технолошки вишок во „Еурокомпозит“ протестираа и минатата недела во кругот на фабриката.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија