Македонија
30. јуни 2022 - 12:32

Пред стартот на летната сезона Дојран го решава проблемот со водоснабдувањето

Со нови бушотини и нови пумпи Дојран го подобрува водоснабдувањето. Се работи за решавање на проблем стар неколку децении кој посебно доаѓа до израз во шпицот на туристичката сезона. Од општината уверуваат дека ова лето нема да биде така бидејќи веќе обезбедиле дополнителни пумпи за постоечките бушотини, а започнале со изграба и на нови кои наскоро треба да бидат ставени во функција.

Независно од овој,  општината веќе работи и на нов и поголем инфраструктурен проект кој ќе го следи развојот на Дојран и кој треба да треба трајно да го реши водоснабдувањето на постоечките, но и да обезбеди доволно вода за сите нови објекти кои интензивно се градат.

Реализацијата на новиот проект заедно новата  прочистителната станица и реконструкцијата на колекторскиот систем ќе чинат над еден и пол милион евра.