Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот

Големата трагедија што ја потресе јавноста во која синоќа беа убиени 43-годишен татко и неговиот малолетен, 11-годишен син, а нивниот роднина што ги убил потоа се самоубил, се одвивала престрелка со полицијата, бидејќи сторителот не сакал да се предаде.
Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, полицијата пристигнала веднаш откако вознемирената сопруга и мајка на убиените пријавила синоќа во 21: 20 часот дека со часови ги нема нејзините најблиски и смета дека се кај вујкото на сопругот, 63 годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ.
-Полициските службеници извршиле проверка во домот на сторителот, но никој не ја отворал вратата. По наредба од јавен обвинител, полициските службеници со употреба на сила, ја отвориле вратата и кога влегле во куќата, едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, а тие возвратиле од службено оружје, пукајќи кон куќата, изјави Стаматова.
Според СВР Битола, ноќеска во 1:35 часот по полноќ, лекар од Итната помош од Прилеп констатирал смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., кај 63-годишниот П.Ѓ и кај 11 годишниот малолетник.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Како што информираше прилепскиот јавен обвинител Стевчо Биноски, вчера попладне околу 15 до 16 часот, 43-годишниот П.Ч. отишол кај неговиот вујко, 63-годишниот прилепчанец со иницијали П.Ѓ. и со себе го повел 11-годишниот син за да ги подобрат семејните односи кои биле нарушени поради имотно-правни состојби. Не се знае што се случувало со часови во куќата, но Биноски вели дека до доаѓањето на полицијата 43-годишниот прилепчанец и неговиот син биле мртви, застрелани од пиштол.
Со доаѓањето на полицијата, сторителот не сакал да излезе, прво фрлил бомба, а потоа била повикана и единицата „Тигри“ при МВР. Откако влегла полицијата во куќата ги пронашла трите безживотни тела.
Наредена е обдукција на телата за расфетлување на настанот.
На социјалните мрежи сторителот ги споменува мотивите за големата трагедија.
Ново на Сител
-

Приведен 48-годишник, се заканувал кон поранешната сопруга и нејзината мајка
-

Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција
-

Уписи на Скопскиот Универзитет, слободни над 9700 места за бруцоши
-

Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС
-

Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога | ФОТО
-

Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест
-

Макрон: Украина мора да има силна армија како гаранција за мирот
-

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена
