Пред 20 години немал од што да живее, а сега е милионер
Земјоделецот од Кенија, Лоренс Ендик пред 20 години живеел на работ на сиромаштија и се борел со секојдневните проблеми на повеќето африкански земји, како што се гладта и недистогот на вода.
Но, сепак денес, тој благодарение на козите стекна вистинско богатство.
Во рамки на програмата „Фарм Африка“ тој добил некоколку кози и јариња за да почне со нивно одгледување, по што неговото богатство почна да се таложи. Така сега Ендик годишно заработува милиони кениски шилинзи, благдарение на одгледување на козите, објави „Дејли Нејшн“.
- Тогаш добив кози само колку да преживееме, но денес заработувам прилично добро. Имам шест деца и благодарение на козите успеав сам да ги школувам и да купам неколку парцели земјиште. Сето тоа ми донесе навистина големо богатство, изјави Ендик за весникот.
Лани само за Божик успеал да продаде 75 кози и заработил повеќе од 1,5 милиони шилинзи, односно околу 15.000 долари, што е огромна сума за Кенија.
Како што изјави, тајната на успехот е во посветеност на работата што ја работи, а во неговиот случај и на константно учење, прилагодување на домашни животни и истажување на нивните потреби, со цел да бидат квалитетен производ на пазарот. Бидејќи тој се занимава и со земјоделство, козите од неговата фарма добиваат евтина храна од домашно производство, пради што се меѓу најценетите на пазарот во Кенија.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија