-->
-->
Пред 10 години и гледала девојка на кафе, а денеска жената шокирано раскажува за својата судбина
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/september/solja-kafa-140461.jpg?itok=2-FDA0iT)
Дали верувате ви секоја приказна од филџан за кафе? колку пати сте посакале некој да ви ја „прочита“ судбината, а кога ни самите не верувате во тоа?
На некому тоа е само релаксација, забава, а поединци гледање на филџан го сфаќаат многу сериозно. Ова е приказната на едно девојче која не верувала дека едно „гледање“ во филџан може да и го промени животот.
- Како повеќето луѓе и јас бев поприлично скептична поради тоа. Кога бев мала, со другарките од село, пиевме кафе и си гледавме една на друга во филџан и се си погодивме. Нормално тоа беше лесно, бидејќи се знаевме една со друга, вака ја започнува својата приказна Ј.М
Со години го сфаќав сето ова на шала и не обрнував големо внимание на тоа, Но...
- Се се случи пред 10 години. Другарките на факултет постојано ми викаа дека треба да верувам во тоа и дека морам да одам кај една девојка која фантастично гледала во филџан... Девојката беше пријатна тукушто завршила факултет. Се согласив, но под еден услов, ниту една да не каже ништо за мене, мојата судбина, итн.
Седев, го испив кафето. Додека филџанот се цедеше зборувавме за политика... а потоа почна...
Од минатото, па сите детали од мојот љубовен живот, се беше погодено. Ми покажуваше знаци, симболи кои се протолкуваат секогаш исто. И понатаму не верував, мислев дека е случајност. Потоа почнала да зборува за иднината.
- Сопругот ќе ти се вика на буквата А, ќе имате близнаци. На почетоткот вашата врска ќе биде турбулентна, но ќе се изборите за секоја расправија, конфликт. Тој ќе работи во светот на забавата му стои некоја гитара, не моѓам добро да видам, но има врска со музика.
Ти ке работиш за голема фирма, но нема да бидеш задоволна, па ќе си отвориш свој бизнис, така ми зборуваше а јас климав со главата.
Луѓето можат да веруваат или не, но јас денеска го имам сопругот Александар и Сара и Андрија - двегодишни близначиња. Мојот сопруг е пејач, а јас работев во банка од која напуштив и отворив своја агенција за недвижности...
На сето ова ме потсети мојата другарка која ми кажа да одам да ми гледаат на филџан и дека ништо не и погоди, а јас и реков мене се ми се исполни. Судбина, што ли да е?
Секој верува во тоа што сака, дали било тоа Бог, судбина, кафе, грав... Можностите се скроро неограничени„, заклучила таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ
-
Поднесено обвинение против Љупчо Палевски за убиството на Вања и Панче
-
Постигната рекордна премија во играта на среќа ЛОТО 7
-
За една недела отстранети 103 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Таравари: ДУИ не можат да прифатат дека се опозиција, па организираат приватни журки
-
Мицкоски: Во јули собравме 7,6 милиони евра од патарини - 250.000 повеќе од лани
-
Пожарот во Атика се уште беснее - Драмата во Грција не запира
-
ОЈО Скопје поведе постапка против 39-годишен осомничен за изнуда