Празникот Богојавление – Водици одбележан во општина Илинден
Со осветување на водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на општина Илинден го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.
Илјадници граѓани присуствуваа на положувањето на богојавленскиот крст во водите на езерото. Од 63 верници, 23-годишниот Александар Шарковски од населба Илинден прв стигна до светиот крст. Тој доби подароци од градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, како и од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани.
Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“ од населба Илинден веќе осум години ја организира оваа манифестација. За присутните општина Илинден обезбеди топли пијалоци и традиционалната пивтија.
Ново на Сител
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка