Празник на франкофонијата во МКЦ
Со регионален форум, младинска изложба и концерт на францускиот поп пејач Шарл Батист, во Младинскиот културен центар денеска ќе биде одбележан Празникот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт во Скопје.
Регионалниот форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“, како што е најавено, има за цел да го стави во фокус францускиот јазик како адут за професионалната иднина на младите во рамки на Балканот, но и да ги поврзе компаниите, институциите, универзитетите и училиштата во Македонија и во регионот.
Форумот опфаќа три тркалезни маси со учесници од Франција, Швајцарија, Бугарија и Македонија, на тема францускиот како јазик за меѓународна кариера, францускиот како јазик за вработување на младите и универзитeтски франкофонски програми достапни во Европа.
Во холот на МКЦ ќе биде поставена изложба на десетте најдобри учесници на фото натпреварот „Освен тоа, зборувам и француски!“, при што ќе бидат доделени наградите на тројцата млади автори на најдобри фотографии.
Вечерта во киното „Фросина“ концерт ќе одржи Шарл Батист, млад француски поп пејaч.
Ново на Сител
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор
-
22 дискотеки и кабареа работат со лиценца во Македонија според регистерот на Министерство за економија