Православните верници во Битола го одбележаа празникот Богојавление - Водици
Преспанско-пелагониската православна епрахија го одбележа празникот Богојавление - Водици кој според востановената традиција и оваа година се одржа во дворот на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Водсвет на водата во црковниот базен изврши митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и го спушти Светиот крст по кој во црковниот базен скокнаа дваесеттина момчиња од овој град.
Годинава највешт и најсреќен учесник на црковниот настан Водици во Битола беше Виктор Манговски, кој прв пат го фати Светиот крст.
- Се пријавив да учествувам на големиот христијански настан со единствена цел за момент да бидам во светите води и да добијам благослов. Не очекував дека ќе го фатам Светиот крст, но успеав и тоа прв пат ми се случува. Радосен сум и верувам дека годината ќе ми биде среќна, истакна 16-годишниот битолчанец Виктор Манговски.
Ново на Сител
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“