Македонија
14. January 2022 - 12:28

Православните христијани ја слават Василица

Традицијата која започна пред повеќе од две децении продолжи и оваа година.  Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики струмичката православна епархија ги изнесе моштите на светецот пред верниците и им овозможи да се поклонат  пред нив и помолат за нив и нивните семејства. Се работи големо духовно богатство кое епархијата го има уште од 1913 година и кое според свештениците претставува благодат не само за Струмица туку и сите верници во државата.

Традиционално епархијата моштите за поклонение од страна верниците ги изнесува ден пред празникот за време на вечерната служба, но можност да застанат пред нив имаа и верниците кои присуствуваа на денешната празнична богослужба. Моштите на Свети Василиј Велики според преданијата од постарите свештеници во Струмица пристигнале на невообичаен и чудесен начин, а ги донел војник кој во тоа време бил на служба во Кападокија. Струмичката епархија е единствена во државата која поседува мошти од овој светец.