Македонија
14. April 2023 - 16:30

Православните храмови во Охрид полни со верници за празниците

Балканскиот Ерусалим останува привлечен за велигденските празници.

Иако, Велигден се смета за семеен празник кој вообичаено се слави дома, Христовото Воскресение во многубројните охридски цркви, чаршијата и објектите години наназад носи многу верници од државава и странство кои се восхитуваат на древната историска духовност на овие простори.

Духовните светилишта се полни со верници со свеќи и молитва сите се подготвуваат за Христовото Воскресение. 

Голем број верници Христовото Воскресение ќе го дочекаат во некои од духовните светилишта во градот.

Денес православните верници го одбележуваат Велики петок кој се смета за најтежок празник во годината. Велики Петок уште се вика и Распет Петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос.