Правилата за соседите на принцот Хари и Меган Маркл биле грешка
Бакингемската палата ја демантираше веста дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл објавиле листа правила наменети за нивните соседи, каде што, меѓу другото, е наведено и дека на нивниот мал син Арчи никој не смее да му се приближи.
Британски „Сан” во петокот објави дека луѓето кои живеат близу куќата на принцот, (вклучувајќи го и кралскиот куќен персонал) присуствувале на состанок на кој били информирани да не немаат допир со брачната двојка, да не ги допираат нивните кучиња, ниту пак, да бараат да го видат Арчи, како и да се нудат да го чуваат.
– Војводата и војвотката не барале такво нешто, не знаеле за тоа и немаат врска со содржината на упатствата, изјави претставник на Палатата за списанието „Хелоу“.
Во демантот се наведува и дека таквите барања произлегле „од некој претерано заштитнички настроен службеник на палатата”, без знаење на принцот и војвотката.
Ова не е прв ваков случај. По раѓањето на Арчи, јавноста ја критикуваше брачната двојка дека не излегле заедно со него пред фоторепортерите на вратите на болницата, како и поради тоа што не дозволиле медиумите да присуствуваат на крштевањето на бебето.
Претходно годинава, Меган и Хари се иселија од Кенсингтон палатата, каде што соседи им беа неговиот брат, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок