Пратеникот Бастри Бајрами ја напушти Беса и ќе делува како независен
Обединувањето на алабнскта опозиција во заеднички фронт скапо го чинеше Билал Касами. По средбата со Африм Гаши и Изет Меџити на која договорија заеднички да делуваат во процесот на уставни измени и евентуални предвремени избори, од партијата се огради заменикот претседателот Аријанит Хоџа. Од утрово и пратеникот на Бастри Бајрами ја напушти БЕСА. Веќе го известил Собранискиот спикер дека ќе делува како независен пратеник.
На средбата пред два дена во Парламентот Касами, Гаши и Меџити преку опозицискиот блок најавија дека ќе работат заеднички за како што рекоа да ја испратат ДУИ во Опозиција.
Во меѓувреме Меџити кој излезе од партијата на Али Ахмети, преку онлајн платформа бара име за новиот политички субјект, кој според најавата треба да го официјализира на 13 август – денот на потпишувањето на Рамковскиот договор. Тој ги повика граѓаните да ги кажат своите предлози за името како и за слоганот на движењето на онлајн-платформата која ја активираше вчера.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука