Македонија
24. April 2019 - 16:11

Пратениците останаа без дозвола за расправа во кампања

Синоќешните настани во Исламската верска заедница, како и пресудите за убиството на Никола Саздовски беа причината поради која пратеничката група на ДУИ побара расправа во Собранието по законот за судски совет сред изборна кампања. Пратенците на ДУИ обвинуваат за селективна правда во овие случаи.

Реплицираа од опозциската ВМРО-ДПМНЕ дека пратеникот на ДУИ ја забележал селективната правда по две години власт, иако тие постојано укажувале на тоа.

Иако од иста партија, собранискиот спикер Талат Џафери за „Сител“ рече дека расправа во текот на кампањата нема да дозволи, а ако пратениците и понтаму инсистираат на  дискусија таа би продлжила по 5 мај.

Иако парламентот е во пауза поради претседателските избори, собранискиот спикер закажа седница за прегласување на вратените закони од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Освен вратените точки во дневниот ред се наоѓаше и заКонот за судски совет, кој не е дел од вратените закони, но е услогасен со опозицикстата ВМРО-ДПМНЕ. Собранискиот ден требаше да помине само во формално гласање.