Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО
ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО, што собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе му ја предложи на Парламентот.
- Би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново. Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина, рече пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена во 1993 година од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости