Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се огради од навредите на Ибрахими

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од колегите од СДСМ јавно да се оградат од постапката на пратеникот Енес Ибрахими кој вчера на попладневното продолжение на собраниската седница на национална основа ја навреди пратеничката Нола Исмајловска Старова.
- Во спротивно ќе сметаме дека тие го насочиле вака да настапува и да навредува, изјави денеска на прес-конференција заменик-координаторот на пратеничката група Зоран Илиовски.
Зачудени сме, додаде Илиовски, што сите пратеници од пратеничката група на СДСМ немо го одмолчеа и не се одважија да реагираат на директните навреди кои ги упати нивниот колега кон повеќе десетици илјади граѓани на нашата држава кои се Македонци со исламска вероисповест.
Илиовски го окарактеризира настанот како тежок вербален инцидент и напад од страна на пратеник од пратеничката група на СДСМ со кој на национална основа била навредена пратеничката Исмајловска Старова.
- Ваков напад на национална основа, вакво срамно и потценувачко однесување од страна на пратеник никогаш не се случило во Собранието на Република Македонија, рече заменик-коодинаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на СДСМ, според него, вчера не се оградила од својот пратеник, а како што рече Илиовски, нивниот координатор не се извинил за недоличното однесување на пратеникот кој припаѓа на нивната пратеничка група во Собранието.
- Ваквите и слични постапки и однесувања на пратениците од пратеничката група на СДСМ во Собранието се одлика на 19. век. Навредата на националните чувства на еден пратеник и на повеќе десетици илјади наши сограѓани Македонци со исламска вероисповест ги рушат сите етички, морални и човечки стандарди за работа и функционирање на Собранието во Република Македонија, рече Илиовски.
Пратеникот Ибрахими, кој доаѓа од Партијата за движење на Турците е член на пратеничката група на СДСМ, вчера на попладневното продолжение на 67. седница и се обратил на пратеничката Исмајловска Старова со зборовите: „Порано бевте Турчинка, после станавте торбешка, сега сте Македонка. На 24 април ќе видиме што ќе бидеш“.
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
