Пратениците на нова пауза, Џафери најавува работа и по 20 часот

Пратениците по редовната пауза продолжија со реплики и контрареплики по предложените измени на Законот за измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите, иако пред паузата претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ги потсети дека е договорено на оваа седница да се поддржат законите кои се од интерес на граѓаните, за минимална плата и за стечајците.
Во расправата пратениците напоменуваат за лошиот исход во здравството, а најмногу реакции имаше околу критиките упатени кон Аспазија Софијанова за случајот со Тамара.
Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара пауза, која претседателот на Собранието не ја даде, бидејќи немал право на барање по втор пат пауза, но потоа барање за пауза изнесе Димитар Стевананџија, кој и покрај повикот од Џафери да се откаже за да може да се испочитува договореното и да се донесат законите до 17 часот не се откажа.
- Најодговорно тврдам дека во интерес на граѓаните одлучивме во една демократска процедура да ги поддржиме законските решенија за минимална плата и закон за стечајци. Но една колешка ја фрли бомбата со ништо предизвикана сакајќи да се наврати на моменти кои не се за споменување и ги доведе во незавидна положба нејзините граѓани и ние да се расправаме, рече Стевананџија барајќи еден час пауза со цел да се смири атмосферата.
За претседателот на Собранието лицемерието на пратениците нема граница, но им порача дека граѓаните ќе оценат.
Потсети дека врз основа на договор Собранието денеска се врати на оваа седница со намера дека законите се битни и се во интерес на граѓаните и истакна дека поради тоа седницата ќе треба да ја продолжи по 20 часот, бидејќи не може да ги префрли овие точки за понеделник.
Собраниската седница ќе продолжи со работа по еден час пауза.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
