Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница побараа оставка од Маричиќ

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ попладнево во рамки на собраниската седница за пратенички прашања побараа оставка од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, обвинувајќи го дека недолично се однесувал кон пратеничката Дафина Стојаноска.
- Ова Собрание има голем број на камери кои може да го доловат моментот за којшто реагирав. Она што го направи вицепремиерот, не може ниту еден демант да го избрише, рече Дафина Стојаноска во процедурална забелешка.
Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски даде 15-минути пауза, образложувајќи дека согласно Деловникот за работа има постапка како се бара оставка од претставници на Владата.
Претходно, пратеникот Бојан Стојановски го повика премиерот Димитар Ковачевски да одговори дали го осудува однесувањето на вицепремиерот Маричиќ.
- Г. Маричиќ се однесуваше согласно сите етички стандарди во Собранието и има пишан демант на она што се случуваше на парламентарната говорница на една од пратеничките, рече Ковачевски, одговарајќи на пратеничкото прашање.
Ново на Сител
-

Град Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово насилство
-

Кога да се побара стручна помош? | Стефанија Трајческа - Дефектолог | Sitel Podcast 130
-

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица
-

Гаража во Аеродром продадена за 30 илјади евра, за половина година становите во Охрид поскапеле за 27 проценти
-

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти
-

Претреси во Скопје, приведени 12 лица поради „злосторничко здружување” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
