Македонија
28. December 2017 - 16:18

Пратенички прашања на дневен ред во Собрание

Отворени порти за соработка на Владата со сите опозициски партии со цел Македонија да ја искористи историската шанса во 2018 година после 12 години да добие препорака со датум за препораки за членство во Европската Унија и покана за членство во НАТО Алијансата. Ова е пораката на премиерот Зоран заев упатена од седницата за пратенички прашања.

Заев нагласи дека се уште е можна соработка со Села. Вели дека нема да толерира криминал од никого, а досега министрите дале индиции за десетици случаи за корупција на претходната власт.

Пораките за соработка на сите партии во контект за евроинтеграциите денеска даде и Талат Џафери. Тој очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се врати во парламентот уште на 9ти јануари, за кога ќе биде закажано продолжение на седницата за законот за јазици и избор на уставни судии.

Џафери смета дека во 2018 година не треба ни да се помисли на нови избори. Главните политички разлики парламентарните партии ќе треба да ги испеглаат во процесот „Жан Моне“. Претставници на пратеничките групи треба да се сретнат во околината на Париз на 25 и 26 јануари. Тогаш ќе се разговара и за новиот Деловник и пратенички кодекс.

Џафери информираше и дека се бараат нови начини да се намалат трошоците за пат на пратениците. Една од опициите е и службени станови за оние народни избраници кои живеат надвор од Скопје, но и тоа би било прескапа варијаната.

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за употреба на јазиците во рок од десет дена по неговото носење, што според Џафери би требало да се случи веднаш по божикните празници, законот се враќа во Парламентот и во рок од 30 дена треба повторно да биде ставен на седница на гласање. Тој не очекува ратификување на договорот со Бугарија пред 15 јануари. Покрај Заев на пратенички прашања одговараа и министрите. Еве го одговорот на Роберт Алаѓозовски за проектот Скопје 2014.

На седницата на која не присуствуваше ВМРО-ДПМНЕ бројот на прашања беше сведен на 12. Опозициската партија во соопштение обвини дека нивните шестемина пратеници и припадниците на Заедничка Македонија во притвор се држат поради тоа што не се соглсуваат со политиките на власта. За нив целиот случај е фабрикуван.