Македонија
24. April 2019 - 12:12

Пратеничката група на ДУИ: Упадот во ИВЗ и казните за случајот Саздовски се селективна правда

-Последните настани во ИВЗ и скандалозната судска пресуда на млади лица кои беа осудени на по 19 години затвор за случајот Сазовски наспроти казната од 6 год на убиецот на младиот Алмир се доказ за селективна правда во нашата држава и потребна е сериозна интервенција во судскиот систем.
Пратениците на ДУИ на денешната седница на која требаше да се прегласуваат вратените Закони од претседателот Ѓорге Иванов побараа законот за судски совет да биде ставен како прв член на дневниот ред бидејќи според нив во државата постои селективна правда и потребни се реформи во судството, рече Артан Грби пратеник на ДУИ 
 
Тој ги посочи како примери за селективна правда и случаевите на Сопот и Монструм.
 
Координаторот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Мицевски кажа дека како  пратеничката група на опозициската  партија го поддржува овој предлог на ДУИ но од други причини тој укажа дека ВМРО- ДПМНЕ   две години веќе апелира за селективна  правда која што ја применува обвинителството и судството на функционери и членови на оваа партиија. 
 
Катерина Нешкова