Пранешното момче наместо 101 ружа и испратил 101 метла: А кога ќе слушнете што и кажал да направи...
Наместо ружи - метли! Поранешното момче на една девојка од Земун одлучил малку да се пошегува така што за 8 ми март и пратил 101 метла наместо 101 ружа, што би било за очекување. Во целата оваа драма се нашол Иван Т., работник во курирската служба, кој и ги однел метлите на девојката.
Кога пристигнал наведената адреса во Земун, Иван помислил дека метлите се за некој кој работи на пазарот.
- Добив испорака, веднаш заѕвонев и се претставив. Се јави девојка. И кажав дека имам пакет за неа. Ми падна на памет дека тие метли се за некоја продавачка од земунскиот пазар, но кога стигнав на адресата, се појави девојката за која беше пратката. Ме праша што да прави со нив, а јас и кажав дека незнам, раскажал Иван Т.
Како што вели Иван, девојката веднаш се посомневала на поранешното момче, затоа што предходно се слушнала со него и тој и спомнувал метли. Затоа одлучи веднаш да го побара.
- Го побара додека стоев покрај неа и го праша зашто тоа го направил. Повторуваше дека не може да поверува дека тоа стварно го направил. А кога го праша поранешното момче што да прави со нив, тој и кажа „незнам, седни и јавни една“, низ смеа раскажува Иван.
Низ цела улица имало расфрлано метли додека девојката пробувала да организира кои ќе и го однесе „поклонот“.
- Не се лутеше мнгу девојката, цело време се смееше со неверување, а и на мене ми го разубавеа денот. И предложив да ги продаде, низ насмевка додава Иван.
Ново на Сител
-
Откако го одбила ја претепал па ја силувал на паркинг во Сопиште, обвинение за 37 годишен скопјанец
-
Снег во Србија и Црна Гора
-
Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
-
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-
За хаваријата во Пинтија вчера постапува Инспекторатот, вели Меџити
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава
-
Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец
-
Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал