Познатите личности и фановите со емотивни пораки се збогуваат од Тина Тарнер
Познатите личности и фановите со емотивни пораки се збогуваат од Тина Тарнер на социјалните мрежи.
Тина Тарнер блескаше на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Симбол на голема сила и вечна инспирација за многумина. Достоинствено успеа во нешто што ретко кој би се осмелил во нејзино време и во тој жанр, се дел од објавите.
„Тоа е огромна загуба, огромна загуба за заедниците што ја сакаа и секако за музичката индустрија. И нејзината музика ќе живее и ќе продолжи да живее. Многу тажна вест“, се огласија и од Белата Куќа.
Родена како Ана Меј Булок, во Тенеси, Тарнер се прослави со впечатливот глас, жестоките и интензивни настапи во живо и низата хитови - The Best”, “Proud Mary”, “Private Dancer” i “What’s Love Got To Do With It”. Продаде повеќе од 100 милиони плочи ширум светот и освои 12 Греми-награди.
Нејзиниот живот беше инспирација за филм, мјузикл на Бродвеј и документарен филм во 2021 година кој таа го нарече јавно збогување. Почина синојќа на 83 години по долго боледување, во нејзиниот дом близу Цирих, Швајцаријa.
Во последните години од својот живот, Тарнер, страдаше од бројни здравствени проблеми поврзани со канцерогено боледување, мозочен удар и откажување на бубрезите.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар