Познатиот рапер изрешетан во автомобил, естрадата во шок
Познатиот млад рапер бил крвнички убиен пред салон за продажба на мотори.
Раперот XXXTentacion (20) е убиен вчера попладне пред продажен салон за мотори во Флорида.
Непознатите напаѓачи го изрешетале раперот кој бил во неговиот автомобил и се избегале.
Како што пренесуваат светските медиуми, музичарот во попладневните часови отишол во салон со намера да си купи нов мотор. Кога излегол од продавницата, седнал во својот автомобил, а тогаш му се приближиле маскирани напаѓачи, по што еден испукал кон него неколку куршуми.
Очевидци велат дека раперот набрзо потоа починал од здобиените повреди. полицијата интензивно трага по напаѓачите, а понудена е награда од 3.000 долари за оној кој има информација за убијците.
Раперот за кратко време стана многу популарен во САД, а неодамна беше ослободен од куќен притвор кој му беше даден откако ја претепал својата бремена девојка.
По објавената вест за смртта на раперот, преку социјалните мрежи се огласи и Канје Вест кој изрази сочувство.
-Почивај во мир. Не ти кажав колку голема инспирација ми беше додека беше меѓу нас. Ти благодарам што постоеше, напиша Канје на Твитер.
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет