Познатиот комичар непрепознатлив, изгледа многу полошо од кога и да е
Метју Пери (46) загрижи многумина откако е виден на улиците на Лондон во непрепознатливо издание. Неизбричен и неисчешлан актерот како „скита“ по градот по излегувањето на вечера. Во британските медиуми, неодамна излезе и првата критика на неговата дебитантска претстава „The End of Longing“.
Критичарите претставата ја нарекоа „губење време, пари и труд“. Пери откри дека сценариото за претставата го напишал за десет дена, но го менува по секое прикажување кога ќе ја види реакцијата на публиката на одредени „фори“.
На плакатот на претставата во која и глуми, Пери изгледа целоно поинаку. Послаб, со куса коса и брада и со потемен тен, актерот изгледа многу подобро отколку последните денови, забележаа многумина.
„Чендлер“ поттикна могу гласини дека уште не е целосно опоравен од зависноста од алкохолот, кога беше гостин кај популарниот водител Грахам Нортон. Актерот тогаш едвај завршуваше мисла и несфатливо мрмореше.
Актерот во едно интервју призна дека заради зависноста од алкохол и апчиња не се сеќава најмалку на три години од снимањето на серијата „Пријатели“.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство