-->
-->
Познати полуфиналистите во Купот на Македонија
-->

Брегалница, Шкендија, Работнички и Хоризонт Турново се пласираа во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Тие беа поуспешни од своите ривали во четвртфиналните пресметки кои завршија попладнево со одигрувањето на реваншите.
Брегалница по нерешениот исход на првиот дуел, забележа сигурна победа на реваншот во Штип против Младост Царев Двор.
Вардар во Ѓорче Петров ја пречека Шкендија која не дозволи изненадување по убедливата победа на првата средба и со нова победа оди во следната фаза.
Работнички на гостувањето во Кратово го совлада Силекс за втора победа и потврда да полуфиналниот пласман.
Последниот полуфиналист е Хоризонт Турново и покрај поразот, а благодарение на позитивниот резултат од првиот натпревар и постигнатите четири погодоци на теренот на Македонија ЃП.
Постигнати резултати:
Силекс – Работнички 1:2 (0:3 прв натпревар),
Вардар - Шкендија 1:2 (0:3),
Хоризонт Турново - Македонија ЃП 0:1 (4:2) и
Брегалница - Младост ЦД 4:1 (1:1).
Полуфиналните натпревари ќе се играат на пролет идната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
