Македонија
31. August 2016 - 14:54

Познати добитниците на седмосептемвриска награда во Кавадарци

Кавадаречкиот општински Совет на денешната седница одлучи седмосептемвриската награда да ја добијат Благој Пешиќ за особен придонес во развојот на стрелаштвото и стрелачкиот спорт, доктор Бранко Поповски за придонес во областа на здравството и постхумно Глигор Чемерски, за особен придонес во уметноста.

Претходно, предлозите доставени до општината, беа разгледани од Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

Наградата ќе се додели на свечена седница на денот на празникот на општината 7. септември, Денот на ослободувањето на градот.

Традиционално, неа ја добиваат заслужни субјекти, врз основа на правилникот за начинот, условите и постапките за доделување на оваа награда и статутот на општината. Заслугите можат да бидат од сите сфери на општественото живеење, како наука, економија, уметност, спорт и слично.