-->
-->
Позната српска пејачка доживеа сообраќајка
-->

Српската пејачка Дара Бубамара ноќта меѓу вторникот и средата доживеала сообраќајна несреќа. Таа се враќала од гостување во една емисија.
-Ми кажа дека би сакала да не оди до Нови Сад бидејќи врне, но мораше поради синот. Мене ме однесе до зграда, а потоа отиде по другиот автомобил и тргна за Нови Сад. Вчера ја барав цел ден, не ми се јавуваше и тоа ме зачуди, а дури подоцна попладнето му прати порака „Знаеш ли што ми се случи? Имав несреќа. И мал потрес на мозокот“, вели пријател на пејачката.
За среќа таа минала само со помал потрес на мозокот.
-Малку побрзо возев бидејќи сакав што поскоро да стигнам дома. Ја попуштив музиката, патот беше лизгав и излетав. Ништо повеќе не се сеќавам бидејќи бев онесвестена, но не знам колку време. Главата ужасно ме болеше. Побарав една пријателка која има познаници во приватна клиника. Дојдоа и ме земаа, денес веќе сум подобра. Автомобилот не е многу оштетен. Не би зборуваланишто повеќе бидејќи таа ноќ сакам да ја заборавам, вели Дара Бубамара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
