Бизарно но вистинито
20. October 2015 - 21:53

Позната мисица загина поради селфи!

Босанката Ена Кадиќ (26), поранешна мисица на Австрија, најверојатно паднала во провалија додека правела селфи, објави австриски „Heute“.
 
Кадиќ во понеделникот ја изгубила битката за живот после трагичниот пад во Бегисел.
 
Пред да ја загуби свеста, била во можност да го извести својот брат по телефон, а потоа била пренесена во болница во Инсбрук.
 
Семејството повикало Брза помош, а телото го пронашле двајца студенти.
 
Во нејзиното спасување учествувал и хиликоптер кој со помош на сајли ја извлекол и пренел во болница.
 
Мисицата починала после операција.