-->
-->
Познат супермаркет отпуштил продавачка бидејќи изела две парчиња пршута
-->

Вработена добила отказ откако за паузата за ручек изела две парчиња пршута од продавницата „Интерспар“ во Задар. Сузана Шешо работела во продавницата цели 11 години, од самото отворање.
Таа била фатена на сигурносните камери како јаде две мали парчиња пршута без одобрение од менаџерот.
Иако по ваква постапка би требало да следи само опомена, таа била отпуштена на лице место.
Хрватката решила дека ќе ја тужи компанијата, по отказот во септември минатата година.. Но, Општинскиот суд во Задар вчера ја укинал првостепената одлука за оштета на Шешо и пресудил во корист на „Интерспар“.
– Сега сум во позиција да немам што да јадам, бидејќи станав социјално загрозено лице – изјавила Шешо за хрватските медиуми, веднаш по пресудата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
