-->
-->
Познат составот на ракометарките за дуелите со Словенија
-->

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија на 10 и 12 март ќе ги одигра двата натпревари против Словенија во рамки на Квалификациите за ЕП 2016 година. Селекторот Симе Симовски го објави поширокиот список од 18 ракометарки кои се повикани за собирот во Скопје.
Собирот ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во понеделник (7 март) со почеток од 10:00 часот, каде Симовски ќе има можност да ги воигра ракометарките пред значајните две средби со Словенија. Првиот натпревар на 10 март (четврток) го играме на гостински терен во Марибор, додека втората средба се игра само два дена подоцна на 12 март (сабота) во Скопје.
Македонија и Словенија моментално се без бодови во силната квалификациска група каде се уште и Хрватска и Црна Гора, со што за очекување е дека токму овие меѓусебни дуели ќе ја решат борбата за третото место во групата, кое би можело да води на ЕП. Според системот за натпреварување, само најдобрата третопласирана репрезентација од вкупно седумте групи патува на ЕП, но засега, по две одиграни кола во квалификациите, ниту една од третопласираните (и четвртопласираните) селекции нема освоено бод.
Список на повикани ракометарки:
Наташа Антиќ
Драгана Петковска
Матеја Серафимова
Нина Ладева
Јована Саздовска
Сара Митова
Наташа Нолевска
Сара Ристовска
Дајана Јовановска
Теодора Керамичиева
Андреа Белеска
Елена Ливриниќ
Симона Стојановска
Елена Ѓорѓијевска
Габриела Величковска
Стефанија Мишевска
Марија Николиќ
Ивана Гакидова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
