Познат мафијаш уапсен по 23 години бегство: Кокаинскиот крал конечно зад решетки
Еден од најбараните италијански мафијаши е уапсен во Уругвај по 23 години минати во бегство, соопшти денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити.
Мафијашкиот шеф Роко Морабито од страна на италијанските власти се бара по обвинение за членство во криминална група, трговија со дрога и други сериозни злосторства.
Морабито кој се занимава со криумчарење и дистрибуција на кокаин е припадник на најмоќната калабриска мафијашка група „Ндрангета“, а познат е под прекарот „Кокаинскиот крал на Милано“.
Педесет годишниот Морабито е откриен во летувалиштето Пунта дел Есте во Уругвај откако во заедничка акција на италијанската и уругвајската полиција бил откриен неговиот лажен идентитет.
Потрагата по него трае од 1994 година кога според пишувањето на весникот „Кориера дела Сера“ тој по илегални патишта во Италија увезол еден тон дрога вредна 13 милијарди лири (осум милиони долари)
По апсењето на Морабито италијанските служби за безбедност очекуваат пресметка и со моќниот шеф на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро со кого соработувал уапсениот Морабито.
Ново на Сител
-
Во Загреб марш за зголемување на безбедноста во училиштата
-
Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Министерот Муцунски во Вашингтон – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции
-
Саливан: Иран може да направи нуклеарно оружје
-
Германската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на божиќниот пазар во Бремерхавен
-
Ливерпул го совлада Тотенхем во дерби со девет голови
-
Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина
-
Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Северна Македонија и Турција да достигне две милијарди долари