Балкан
28. November 2015 - 13:40

Познат курдски адвокат убиен во судири во Југоисточна Турција

Познат курдски адвокат, кој беше критикуван за изјавата дека Курдската работничка партија не е терористичка група, беше убиен во судири во југоисточниот округ Дијарбекир денеска, соопшти извор од прокурдската Демократска партија на народите.

Tахир Елчи, претседател на асоциацијата на адвокатите во Дијарбекир, беше задржан во октомври и го очекуваше суд заради коментарите, кои ги даде за ПКК на телевизијата Си-Ен-Ен Турк.