Македонија
21. May 2016 - 12:54

Познат идентитетот на загинатото момче кај Катланово

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера  на регионалниот пат кон Катлановска бања во која загина едно лице, соопшти денес МВР.

Според информациите на полицијата, судирот се случил помеѓу автобус на ЈСП со скопски регистерски таблици, а управуван од 49-годишниот З.Ц. и автомобил „застава 101 ГТЛ 55“, со скопски регистерски таблици управувано од 29-годишниот Димче К. од Скопје, кој за жал им веднаш на местото на несреќата им подлегнал на повредите.