Македонија
20. October 2015 - 11:03

Познат идентитетот на убиената жена во тетовско

Маж си ја уби својата сопруга со секира синоќа околу полноќ во семејната куќа во тетовско Врапчиште.

Според првичните неофицијални и се уште непотврдени информации, жртва е Елизабета, родена 1971 година, додека нејзиниот сопруг кој е приведен во станица е пет години постар и идентитетот засега се уште му е непознат.

Според првичните информации мотив за убиството биле нерасчистени семејни односи.

Телото на убиената е предадено на обдукција и извршен е увид на местото на убиството.