Македонија
19. October 2020 - 16:51

Позитивни случаи во градинките и училиштата во Прилеп

После училиштата корона вирусот во Прилеп влезе и во градинките. Во петокот позитивни на корона вирус биле 2 негувателки од градинката „Работнички“ по што денеска градинката е целосно затворена и во самоизолација се пратени сите 20 деца и 8 мина од персоналот.

Од градинката „Наша Иднина“ од Прилеп информираат дека позитивна на корона вирус е и една воспитувачка од градинката „Аличаир“ каде во самоизолација се пратени 15 деца, воспитувачката и негувателката која била со неа. Градинката во „Аличаир“ ќе продолжи со работа, неа ја посетуваат околу 100 деца.

- Од детската градинка „Наша Иднина велат дека за овие случаи биле известени Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје од Прилеп. Се планирало доколку се биде во ред, децата да се вратат во градинките по 20 дена. Инаку во неделата градинките во Прилеп биле комплетно биле дезинфецирани по 4-ти пат.

Во Прилеп има 6 градинки кои моментално ги посетуватаат околу 500 деца, на други места засега немало никакви проблеми и секаде максимално се спроведувале препораките и мерките за заштита од Ковид 19.

Инаку денеска повторно имаме нов случај на Ковид 19 во учиилиштата во Општина Прилеп. Една наставничка е позитивна во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во селото Канатларци и поради контакт со неа во самоизолација се ставени 8 ученици од 5 и 6 одделение и тројца наставици од подрачното училиште во соседното село Подмол.

За прв пат корона вирусот се појави во прилепските училишта во четвртокот кога беше потврден случај на наставничка инфицирана со Ковид 19 која предавала во второ одделение во основното училиште „Климент Охридски“. Сите 20 деца од класот каде предавала се ставени во самоизолација.

Денеска во Прилеп има 6 нови случаи на коронавирус, бројот на активни случаи изнесува 226, од кои 192 се наоѓаат на домашно, а 34 на болничко лекување. Од Ковид 19 почина и едно лица на возраст од 63 години.