-->
-->
Позитивен природен прираст во второто тримесечје од годинава
-->
Во второто тримесечје од годинава во Македонија се родени 5.683 бебиња што во споредба со истиот период минатата година претставува намалување за четири проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, бројот на умрени лица во овој период бележи зголемување од 2,3 проценти и изнесува 4.892 лица. Од нив 48 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 791 лица што значи за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрени лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 8,2 проценти, додека бројот на разводи е намален за 12,4 проценти. Во овој период се склучени 3.710 бракови и евидентирани 495 разводи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка
-
Со Предлог-законот за енергетика ќе се знае колку струја потрошиле граѓаните, и точната бројка на енергетски сиромашни
-
ССМ бара итно зголемување на платите во приватниот сектор
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт