Пожарот во кафулето во Приеп бил подметнат - полицијата трага по сторителот
Полицијата трага по непознато лице кое ноќеста подметна пожар во кој целосно изгоре кафулето, „Галери хаус паб“ во строгиот центар на Прилеп.
Според Лефтерија Миленкоска, портпарол на СВР Битола полицијата работи на расчистување на случајот.
- Полицијата и прилепскито јавно обвинителство прават увид на местото на големиот пожар во центарот на Прилеп во кој изгоре кафулето „Галери хаус паб“. Се трага по непознатото лице кои со запалива течност го подметнал пожарот. Прво, стихијата ја зафатила надворешната метална конструкција, а потоа огнот се проширил на приот и вториот кат. Екипи составени од полицијата, јавното обвинителство и стручни лица се уште прават увид на местото на пожарот, вели Миленкоска.
Прилепската противпожарна единица повикот за пожар го примила ноќеска во 3:33 часот и веднаш интервенирала со две возила и четворица пожарникари. За неполн час пожарот бил изгаснат, а допрва ќе се проценува причинетата штета која, првично се проценува на над 200 000 евра.
Ново на Сител
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
