Пожарот во Атика не може да се стави под контрола
Пожарот во источна Атика се уште не е под контрола, а се очекува ситуацијата денеска да се влоши поради силните ветрови кои се најавуваат во регионот.
Огнот ги зафати населените места Каламос, Варнавас и Капандрити чии жители се евакуирани, како и деца од летен камп во близина. Досега изгореле десетици илјади декари шума и повеќе куќи.
Грчката противпожарна служба соопшти дека во текот на ноќта главната битка со огнот се водела во Метохи и Микрохори, додека фронтовите во Граматико и Варнавас се вон контрола.
Во текот на изминатата ноќ се разгорел и пожарот кон Капандрити кој и денеска се гаси со сите расположиви средства.
Од рано изутринава големата огнена стихија се гаси и од воздух, со четири хеликоптери, и од земја, а во текот на денот ќе има попрецизини податоци кон каде ќе се движи пожарот, но прогнозите не се добри затоа што се најавуваат силни ветрови, додека прогнозата за опасност од пожари за денеска гласи „со голем ризик“.
Локалната полиција во текот на ноќта забрани и сообраќај во областа на речиси сите регионални патишта.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар